Дана Бакдоунис е родена и порасната во Саудиска Арабија таа престанала да носи марами во 2011 година и е активна во борбата за женски права во нејзината земја.
На Фејсбук има група која ги поддржува женските права во Саудиска Арабија и има повеќе од 70.000 членови, Дана на оваа група ја објавила фотографијата на која е без марама на главата, а во раце го држи својот пасош каде носи марама.
,, Член сум на оваа група бидејќи 20 години не ми беше дозволено да го почувствувам ветерот во мојата коса или на мојата кожа,, напишала под фотографијата.
По оваа фотографија Дана од Фејсбук ја избришале голем број од нејзините пријатели и членови на фамилијата, а дури и Фејсбук, ја блокирал, но подоцна ја известиле дека блокирањето било по грешка.