ФОТО: Кога Американците прават ајвар!


Во дворот на резиденцијата на Соединетите Американски Држави на големо се приготвуваше ајвар.

Сопругата на американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс , Мери Џо Волерс пo четврти пат приготви македонски вкусен ајвар кој ќе замине во САД.4ajvar500

Таа на помош ги викнала и Вероник Герет, сопруга на британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Герет, и нивната помлада пријателка од Ирска, Кетрин Браун.

Ајварот Мери секоја година го приготвува со асистенција од главната готвачка во резиденцијата на САД, Лилјана Соколовска.

За разлика од претходните години, кога купувале по педесет килограми пипер, годинава, како што рекла госпоѓата Волерс за Телеграф, се решиле на триесет килограми. Причина за тоа е што мандатот на амбасадорот Волерс му истекува и до крајот на годинава, или на почетокот од следната, ќе си заминат од Македонија.

– Ова е последниот ајвар што го правиме тука. Во САД го немаме овој пипер и тешко дека ќе можеме повторно сами да го приготвуваме, но, сепак, ќе пробаме со ќерките да го направиме в година. Драго ми е што барем на овој начин успеав да научам нешто од овдешната традиција кога се работи за храната – вели сопругата на Волерс.

Фото: Телеграф.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1