Уште еден командант на ОНА падна во рацете на полицијата по денешната акција на МВР за разбивање на јатаците на терористичката група во Диво Насеље, јавува Курир.мк
Од полициски извори дознаваме, меѓу приведените е и Ибрахим Муртезани, во јавноста познат и како Командант Арачиново.
И тој како и останатите се сомничи за соработка и помагање на терористичката група која делуваше во кумановскиот регион.
Исто така меѓу приведените е и Рагми Љатифи од селото Отља за кој има информации дека му бил заменик на командант Малишева кој се сметаше за предводник на терористичката група во Куманово.
Во Дива Населба, специјалците на МВР убија 10, а уапсија 28 припадници на терористичката група, во акцијата на МВР беа убиени и 8 специјалци.