Лепа Брена се обидува на сите начини да го ублажи непријатното однесување и изјавите на Мирослав Илиќ кон неговиот вонбрачен син Девин и неговата мајка Марија Антоновиќ.
Мирослав им се доверил на пријателите дека ќе побара неговата колешка да одговара пред надлежните органи бидејќи тврди дека Девин Антоновиќ е неговиот син.
Иако вонбрачниот син на Мирослав Илиќ веќе извесно време престојува во Белград со надеж дека конечно ќе успее да го запознае својот татко, пејачот упорно одбива да има било какви врски со Девин Антоновиќ.
Сепак престојот во Белград, на Девин и неговата мајка го разубавува Лепа Брена со нејзиното семејство. Речиси целото време го поминуваат заедно и веќе толку се зближиле што таа Девин го гледа како член на своето семејство.
-Да се менува гума на минус десет! Кога имаш супер деца Виктор и Девин – напишала Брена до споделените фотографии на Твитер.