ФОТО: „Љубовта гради мостови“, Даниел избра кој ќе ја заврши неговата приказна


Македонскиот претставник на Евровизија, Даниел Кајмакоски ги објави победниците од повикот – Заврши ја приказната – од официјалното видео за евровизиската песна “Autumn Leaves”.DANIEL EVROVIZIJA

-Пред сè сакам да се заблагодарам на сите кои учествуваа во овој повик и се вложија. Беше многу тешко да се одбере, кога пред себе гледаш толку добри идеи.  Крајот на мојата приказна е следен: Секој крај е нов почеток! Секој крај води до нешто ново. Тоа се случи во мојот живот – кога најмалку очекував добив нов почеток со неизмерна поддршка и љубов од луѓето! Љубовта гради мостови !, вели Кајмакоски.

Победниците се:

Neira Music (Босна)

M.Can Tekin   (Шведска)

Vane Suckoski (Македонија)winners-500

Секој од тројцата победници ќе добие две карти за првата полуфинална вечер на 19-ти мај, во Виена, Евровизија 2015. Наградата вклучува сместување и патни трошоци за периодот 19-21 мај, 2015. Победниците ќе се дружат со Даниел на 20-ти мај, по првата полуфинална вечер.
Пратете ги сите новости поврзани со Даниел и Евровизија преку официјалната веб страна за наменета само за евровизиски вести:  http://eurovision.danielkajmakoski.mk/

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1