Кејт Мидлтон во болница, породувањето почна


Сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон, утрово е примена во болницата Сент Мери во западен Лондон, откако почнала да се породува, јави Би-Би-Си.prince-william-kate-middleton-engagement2

Во соопштението од кралската палата Кенсингтон се наведува дека породувањето на војвотката од Кембриџ , која во болница била одведена со автомобил, „се одвива нормално“.

Кејт е примена на приватното одделение за акушерство во болницата Сент Мери, каде во јули 2013 година е родено и нејзиното прво дете, принцот Џорџ.

Новото бебе ќе биде четврто по ред за британскиот престол, зад дедото Чарлс, таткото принцот Вилијам и братот, принцот Џорџ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1