Путин: Татко ми паѓал во несвест од глад, за јас да имам што да јадам


Рускиот претседател Владимир Путин напишал колумна за весникот „Russian Pioneer“ во која објаснил како неговите татко и мајка со некое чудо ја преживеале Втората светска војна.

„Искрено кажано, татко ми воопшто не сакаше да ја спомене таа тема. Но, кога возрасните зборуваа, јас бев присутен и сите информации за војната и за тоа што се случувало со семејството ги дознав од тие разговори“, наведува Путин.putin0_113996
Неговиот татко служел војска во Севастопол, во подморските единици.

„Раскажуваше како го раниле: Тој и уште еден негов пријател тргнале во помала акција во германската позадина. Дошле до германски бункер, но оттаму излегол силен маж. Тие не можеле ни да мрднат затоа што биле на мета на митралез, а германскиот војник извлекол граната, а потоа и уште една и ги фрлил кон нив“, напишал рускиот претседател, велејќи дека неговиот татко бил многу тешко ранет.

Путин открива дека неговиот татко целиот живот го поминал со шрапнели во ногата, кои никогаш не биле извадени.

„Ногата го болеше, а стапалото му беше неподвижно. Ситните шрапнели лекарите не ги чепкале, за да не напукнат коските. Фала му на Бог, татко ми не ја изгуби ногата, затоа што за него се грижеше добар лекар“, напишал Путин.

Додека неговиот татко војувал, неговиот постар брат го одвеле од мајка му во Детски дом, а подоцна го евакуирале. Таму се разболел од дифтерија и починал за време на блокадата на Ленинград, односно денешниот Санкт Петербург, пишува The Daily Beast.kerkite-na-putin-08

„Татко ми, кога му дозволиле да се движи, застанал на патерици и се вратил дома. Кога пристигнал, видел дека болничарите изнесуваат мртви тела од влезот, а меѓу нив и мајка ми. Тој ѝ се приближил и му се причинило дека таа уште дише. Им рекол на болничарите дека уште е жива, но болничарите му одговориле дека подоцна ќе испушти душа и дека нема да преживее“, раскажува рускиот претседател.

Путин, притоа вели дека неговиот татко тогаш ги приморал болничарите да ја вратат мајка му назад во станот.

„Болничарите му рекле дека ќе направат како што сака, но го предупредиле дека во тој крај нема да дојдат повторно, барем две до четири недели и дека, ако неговата сопруга умре, ќе мора сам да се снаоѓа. Но, тој успеал да ја подигне на нозе – остана жива. И живееше до 1999 година. А татко ми почина кон крајот на 1998 година“, наведува Путин.

„Мајка ми ми раскажуваше како го посетувала татко ми во болница каде што лежел после ранувањето. Имале мало дете од три години. Глад, блокада… Татко ми ѝ ги давал своите болнички оброци, скришно од лекарите и медицинските сестри. Таа ги криела, ги носела дома и го ранела детето. Тогаш, тој во болницата почнувал да губи свест од глад и лекарите и сестрите сфатиле што се случува и повеќе не ја пуштале на посета“, напишал Путин.

Ова не е прв пат Путин да пишува колумна за овој весник. Додека беше на функција премиер, во мај 2009 година, раскажал за тој весник зошто не треба да се отпуштаат луѓето, а ако веќе мора да ги отпушти – тоа го прави сам.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1