Деветгодишно девојче загина во пожар во стан во Скопје


На 01.05 во 23.30 часот во скопје на ул.„Емин Дураку“ бр.3/1-3, избувнал пожар во станот сопственост на Г.Г. (1975), во кој како последица од опожарување (целосно изгорено тело), на креветот во детската соба починала Л.Г. (2006).Pozar500

Деветгодишно девојче загина во пожар којшто избувнал во петокот вечерта во стан во скопската населба Чаир.

Според информациите на МВР, пожарот избувнал синоќа околу 23.30 часот на улица „Емин Дураку“ во стан во близина на поликлиника Чаир.

Во пожарот починало деветгодишно девојче, а неговиот татко, уште еден член на семејството и две сосетки се повредени и пренесени во Специјална болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1