Почина Бен Е. Кинг, авторот на легендарната песна „Stand By Me“


Сол пејачот Бен Е. Кинг, најпознат по легендарната песна „Stand By Me“, умре на 77 години, пренесува денеска „Би-би-си“.

Кинг ја почнал кариерата кон крајот на педесеттите години од 20 век како член на групата „Дрифтерс“ (The Drifters) во која ги пеел, помеѓу останатите, хитовите „There Goes My Baby“ и „Save The Last Dance For Me“. Ben_E_King
Откако ја започнал соло кариерата, во 1961 година се искачил на врвот на топ-листата со легендарната песна „Stand By Me“.

На листата се вратил во осумдесетите кога поминал три недели на листата на хитови во Англија, откако таа песна била користена во истоимениот филм и телевизиската реклама.

Бен Е. Кинг, кој живеел во Њу Џерси, починал во четвртокот, рекол неговиот издавач Фил Браун за „Би-би-си“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1