Ната Атанчковиќ (89) и нејзиниот 60 годишен син Мича ги загубија животите во страшен пожар кој избил во нивниот стан во Нов Белград. Од запалениот стан се спасило само нивното куче.
Според првичните информации, смртта кај мајката и синот настапила како последица на гушење од дим. Српските медиуми пишуваат дека Ната била неподвижна, а нејзиниот син болен.
Пожарот избил во спалната соба, но брзо се проширил и го зафатил целиот стан. На лице место пристигнале 30 пожарникари со 10 противпожарни возила.
Од опожарениот стан успеало да се спаси само нивното куче кое се наоѓа пред зградата и квичи.