ФОТО: Македонец го фатил крстот на Света Гора


Слободан Коцев е струмичанецот кој оваа година го фати светиот крст на Света Гора. Информација за која малкумина од јавноста знаат, а со оглед на затвореноста на самата локација сè се случувало далеку од очите на медиумите, пишува порталот Струмицаденес, пренесува Курир.

slobodanЗатоа и Слободан решил убавата вест да ја сподели само со најблиските на кои сè уште не им се верува дека меѓу толку многу учесници токму тој бил среќникот на Света Гора, односно на едно од трите места каде се фрлал крстот на полуостровот.

Со него во контакт успеавме да стапиме неколку дена од празнувањето на големиот православен празник бидејќи постојано е на пат поради приватни обврски.

За влез на полуостровот, каде всушност се наоѓа Света Гора, потребна е посебна дозвола – Диамонитирион, односно виза која може да се добие со претходно најавување и испраќање на потребните документи по електронски пат.

Најважно освен поседувањето пасош е да си припадник на машкиот пол и да си правславен христијан.

slobodan-3

За Слободан ова било трета среќа. Двапати бил одбиен, за годинава да успее да ја добие потребната дозвола и како единствен Македонец со своите пријатели – бугари да оди таму. Дозволата трае четири дена за вакви посебни денови со престој ,додека туристичките визи се еднодневни.

„Водата беше кристално чиста, на само 20-тина метри пливаа делфини, тоа беше рај за очи, игуеменот беше подалеку од нас и едвај се гледаше моментот кога го фрли крстот. До него стигнав во еден здив, само еднаш зедов воздух и еднаш ја извадив главата на површината.

Го фатив крстот и очекував воодушевувањето да биде како во Македонија.

slobodan-4Напротив, сите беа толку воздржани како да не се случило во моментот. Присутните веднаш после фаќањето пееја песни за празникот кои јас искрено не ги знаев, но пак затоа ми честитаат, го бакнаа крстот и беа изненадени кога им кажав дека сум Македонец“ – раскажува Слободан.

За разлика од кај нас, таму не даваат никакви награди или подароци за среќникот кој ќе го фати крстот. Сите честитаат, го бакнуваат крстот и заедно се радуваат со оној кој според верувањето ќе го следи среќа во текот на целата година.

„Со задоволство повторно би отишол таму, сите работи кои ги видов многу ме воодушевија и ме исполнија. Света Гора е навистина свето место во кое владее божјиот мир“ – завршува Слободан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1