ФОТО: Македонец исчезна во Австралија


Mакедонски емигрант исчезнал  во областа Бенкстоун, во Сиднеј, Австралија, објави австралиското издание на „Дејли Телеграф“.

mak-avstralijaaКако исчезнат се води 28- годишниот Николче Велјановски, по кого се трага од завчера.

Тој последен пат бил виден на локацијата Алума, Јагуна (Alluma, Yagoona). Австралиската полиција била алармирана при што веднаш започнала со потрага.

Младиот Велјановски е опишан со кавкаски изглед, со црвена коса и сини очи.

„Дејли Телеграф“ објави повик за помош во потрагата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1