Во тешка сообраќајна несреќа синоќа, во близина на Винковац, Хрватска, загина 57-годишен возач на камион од Македонија и 37- годишен возач на „опел астра”, јавува хрватскиот сајт 24 сата, пренесува Република.
Како што службено потврдила хрватската полиција, страотната несреќа се случила при разминување на камионот со македонски регистарски таблички и камион со српски регистарски таблички, им се оштетиле ретровизорите на двете возила.
Потоа, возачот на „шлеперот” со македонски таблички излегол од камионот и покрај десниот раб на патот се упатил до другиот камион. Но, до таму не стигнал. На него налетало возило „опел астра” со вуковарски таблички, со кое управувал 37- годишниот З. Л.
По ударот на струмичанецот, Лучиќ удрил во задниот дел на камионот од Србија, при што на лице место загинале и возачот на автомобилот З.Л. од Хрватска и македонскиот возач, додека пак, српскиот возач останал неповреден.
Полицијата се уште ги истражува причините за несреќата.