Нашата актерка Јелена Јованова би можела да биде дел од новиот филм за најпознатиот таен агент 007.
Јелена (29) глумеше во филмот „Земја од крв и мед“ на Анџелина Џоли, а сега би можела да забележи уште поголем успех во кариерата бидејќи влезе во вториот круг на кастинзите за филмот со Џејмс Бонд кој засега носи наслов „Бонд 24“.
– Ме исконтактираа преку кастинг менаџерката од Сараево, потврдува младата актерка и додава дека не била на аудиција туку е одбрана врз основа на нејзините видео снимки.
Вели дека не е сигурна дека сепак ќе успее да глуми со Даниел Крег, бидејќи се уште нема добиено никакви нови покани или потврди од Лондон.