Своето име и сликите од ФБ профилот ги видела покрај интернет огласи на кои стоело дека нуди секс. 42 годишната Силванка Димитријевиќ во редакцијата на Канал 5 се пожалила дека со ваков проблем се соочува со месеци.
Покрај лажните огласи вели постојано читала за себе дека е проститутка дека има најразлични болести и секакви други навреди. Се сомнева и кој се претставува во нејзино име. Смета дека тоа е бивша девојка на поранешен партнер.
Еднаш пријавила во дирекцијата за заштита на лични податоци но иако тие го решиле проблемот и ги тргнале сликите, злоупотребите и навредите не престанале. Вели и полицијата ја информирала за проблемот
Силванка вели морала да го смени и телефонскиот број бидејќи на почетокот постојано и се јавувале луѓе кои го гледале огласот и објаснува дека сето ова тешко го доживува нејзиното семејство