ФОТО: Македонски патници поради сообраќајка и снег цела ноќ заглавени во Косово


Два автобусa со патници од Скопје кон Подгорица и од Подгорица кон Скопје, ноќеска останале заглавени во Косово поради превртен камион кој го блокирал патот од Косово кон Црна Гора, во близина на косовско-црногорската граница. Камионот излизгал од коловозот, поради снегот, јави Прес 24.7ef94b77bdb0eee4b74644093f63cb568e523d83009e2b6f6f13a7975461897f-540x405

Сообраќајната несреќа се случила во близина на преминот „Кула“ непосредно пред границата, каде што камион, поради лизгавиот коловоз, излетал од патот и се превртел, а приколката го блокирала патот и било спречено секакво движење на автомобили.

– Автобусот на „Руле Турс“ во кој имаше околу 30 патници, на пат кон Подгорица беше запрен пред граничниот премин, кај месноста „Кула“ во Косово, неколку минути по полноќ, а полицијата ни објасни дека патот е блокиран поради превртен камион и блокадата ќе трае до 10 часот утрово. Автобусот се врати назад, до еден ресторан во кој останавме повеќе од 5 часа. Патниците бараа да се оди преку Албанија, но возачите се правдаа дека им треба посебна дозвола за таа рута. Нешто пред 6 часот утрово ни рекоа дека ќе се обидеме да одиме по друг алтернативен пат. Се движевме по селски патишта, се додека автобусот не заглави на снегот кој напаѓа речиси десетина сантиметри. Едвај ја поминавме косовската и црногорската страна која е покриена со снег. Патувањето од планираните 8 часа, траеше 15 – раскажува Саше Димовски, еден од патниците.

Во исто време, во Рожај, на црногорска страна останале заглавени и патниците кои тргнале со автобусот на „Божур“ од Подгорица кон Скопје.

Косовската полиција, како што раскажуваат патниците, кои останале на пат, неколку пати доаѓала до местото каде што биле заглавени автобусите и им велела дека се чека да дојде поголема кран дигалка која ќе го помести камионот, бидејќи таа која била донесена не успеала да го крене.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1