Вечерва искршено кафулето Дамар во чаршија, повредена девојка – славеле ЛГБТ годишнина


Група хулигани вечерва околу 20:45 часот го нападнаа кафулето „Дамар“ во Старата скопска чаршија каде во моментов се одржува прослава на Хелсиншкиот комитет за човекови права по повод годишнината од формирањето на ЛГБТ центарот. Во нападот е повредена е една девојка, а оштетен е инвентарот на кафулето.

kafana damar

 

Според очевидците со кои НОВА разговараше, група од дваесетина лица со качулки на главата влетала во кафулето и почнала да фрла стаклени шишиња кон присутните седумдесетина гости на прославата. Во моментов полиција врши увид на местото на настанот.

ЛГБТ центарот формиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права беше мета на чести нападни од страна на хулигани. Тоа беше и една од причините организацијата да го премести седиштето на Центарот од Старата чаршија во Дебар Маало. Полицијата беше на мета на критика од страна на Европската комисија и други меѓународни организации поради нерасветлувањето на случаите на напади врз Центарот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1