Поплавената Словенија ја удриле 20.000 громови


Словенските медиуми пренесуваат за невиденото невреме што ја зафати нивната држава. За само неколку часа, изминатата ноќ Словенија ја погодиле дури 20.000 горомови!grom 432

 

На Електротехничкиот институт „Milan Vidmar“ и синоќа будно ги следеле случувањата на небото. Невремето кое донесе огромни количини на дожд и поплави се карактеризираше со голем број громови, пренесе Телеграф.

„На територијата на Словенија за 10 часа се забележани приближно 20.000 громови. Таква активност некогаш бележиме во текот на летните месеци, но за оваа годишна доба ова е вистинска реткост“, велат експертите од овој институт.

Само во главниот град се поплавени 900 објекти после обилните дождови и надојдените реки во целата држава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1