Пејачот со потекло од Македонија, кој долго време живее и работи во Швајцарија деновиве доживеал тешка сообраќајна несреќа на патот Чашка-Велес, пренесува Курир
Пејачот Мусти Изеировски сакал да го искористи неколкуте дена во Македонија за да се види со сите свои пријатели, но на патот Чашка-Велес несовесен граѓанин во алкохолизирана состојба предизвикал голема сообраќајна несреќа. Според првичните извештаи станува збор за лице во алкохолизирана состојба со околу 2 промили алкохол во крвта.
За среќа Мусти поминал со мали повреди, но бил психички потресен и разочаран од невниманието на сограѓанинот кој се вклучил во пијана состојба во сообраќајот, а полицијата по 12 часа му ја вратила сообраќајната дозвола. Неговиот автомобил марка BMW 630 Cabrio поминал потешко, па пејачот морал да го прати во овластениот сервис во Швајцарија.