Смрт во пустина: На синот му ја препуштиле последната капка вода и умреле за тој да преживее


Французинот Дејвид Стајнер (42) и неговата сопруга Орнела (51) починале за време на пешачењето во пустина во Ново Мексико, пренесуваат светските медиуми. Нивниот деветгодишен син преживеал затоа што пожртвуваните родители му ја препуштиле на момчето последната капка вода.Smrt roditeli2

Брачната двојка во пустината со себе понела само две шишиња вода од по 0,6 литри, а температурата тој ден била околу 38 степени.

Момчето било пронајдено покрај телото на својот татко на пешачка патека во националниот парк Вајт Сендс. Било дехидрирано и уплашено. На околу еден час одење од нив, чуварите на паркот го пронашле и телото на мајката, пишува „Гардијан”.

– Јасно е дека момчето пиело повеќе вода од своите родители. Веројатно резервите вода му ги препуштиле нему – изјавил шерифот Бени Хаус.

И покрај исклучително високите температури и предупредувањата од локалните служби, француските туристи тргнале во обиколка на Вајт Сендс. Понеле помалку од литар и пол вода, што не било доволно за нив тројца.

Момчето му рекло на шерифот дека неговата мајка Орнела Стајнер после два километри пешачење почнала да се жали на повредено колено. Затоа им рекла на сопругот и синот да продолжат без неа, со намера да се врати во автомобилот.

Меѓутоа, набрзо ја изгубила свеста, а чуварите ја пронашле за време на рутинска обиколка, кога веќе било предоцна. На Дејвид, кој исто така паднал на патеката, најверојатно му откажало срцето, но причината за трагедијата допрва ќе биде утврдена.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1