Две лица од Кавадарци го украле мајмунчето од ЗОО во Скопје за да му го подарат на девојче


Двајца кавадарчани С.Н.(31) и И.П.А.(26), вчера попладне украле мајмун од видот Павијан од Зоолошката градина во Скопје, соопшти МВР.zoo skopje

– Вчера во 17:30 часот е поднесена пријава дека двајца посетители во Зоолошката градина во Скопје украле мајмун. Со употреба на погоден алат пресекле делови од челични жици од мрежестата ограда од челична плетена мрежа и низ отворот го украле младото животно мајмун од видот павијан. Го ставиле во вреќа и најверојатно прескокнувајќи ја задната капија на Зоолошката, избегале со такси – рече Лиза Бендевска, портпаролка во МВР.

Крадците биле приведени околу 21 часот во Кавадарци, а мајмунчето е вратено во Зоолошката градина.luka majmunce zoo

Како што неофицијално дознава Курир, малиот мајмун бил украден од скопската Зоолошка градина за да му биде подарено на девојче како играчка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1