ФОТО: Македонски пејач доживеал сообраќајка


Пејачот со потекло од Македонија, кој долго време живее и работи во Швајцарија деновиве доживеал тешка сообраќајна несреќа на патот Чашка-Велес, пренесува Курир

Фото - Курир.мк

Фото – Курир.мк

Пејачот Мусти Изеировски сакал да го искористи неколкуте дена во Македонија за да се види со сите свои пријатели, но на патот Чашка-Велес несовесен граѓанин во алкохолизирана состојба предизвикал голема сообраќајна несреќа. Според првичните извештаи станува збор за лице во алкохолизирана состојба со околу 2 промили алкохол во крвта.

За среќа Мусти поминал со мали повреди, но бил психички потресен и разочаран од невниманието на сограѓанинот кој се вклучил во пијана состојба во сообраќајот, а полицијата по 12 часа му ја вратила сообраќајната дозвола. Неговиот автомобил марка BMW 630 Cabrio поминал потешко, па пејачот морал да го прати во овластениот сервис во Швајцарија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1