ФОТО: Малолетничка од Србија крвнички претепа девојче


Белградската полиција ја пронашла шеснаесетгодишната девојка, од населбата Железник, која минатата недела брутално ја претепала, 14-годишната Тијана Д.

„Новости“ пишува дека насилничката не ја ни познавала жртвата, туку ја нападнала без никаква причина.pretepaaaa

Младата хулиганка била откриена и повикана на разговор во полицијата, неколку часа откако весникот ја објавил веста. Меѓутоа цели пет дена никој не реагирал, иако било пријавено во полиција.

Тепачката била снимена и од сигурносните камери, на кои јасно се гледало како девојката ја напаѓа жртвата без никаква провокација и причина. За време на тепачката, насилничката злобно се смеела.

Немилиот настан се случил на 11 август околу 21 часот кога Тијана со својата другарка се враќала дома после прошетка во паркот. Насилничката им дофрлувала невкусни коментари, но девојчињата, бидејќи не ја познавала, ја игнорирале и продолжиле по патот. Потоа таа потрчала кон нив, ја фатила Тијана за косата и почнала крвнички да ја тепа, по телото и главата, викајќи „Какви погледи ми фрлаш ти мене?“, и „Ќе ти ја скршам главата“.

Никој од минувачите не застанал да помогне, а дури после десет минути реагирало едно момче. Ги одвоиле тинејџерките и ја држел насилничката додека Тијана и другарката отишле дома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1