ФОТО: Медицинско чудо – жена без матка роди здрави близнаци


Британката Хејли Хејнс кога имала 19 години дознала дека е родена без матка и јајници, органи без кои жената не може да раѓа деца, па сите нејзини надежи за оформување семејство пропаднале во вода.bliznaci majka

– Кога ми рекоа дека немам матка бев збунета. Најголемиот страв ми беше што никогаш нема да имам деца. Се чувствував како да сум само половина жена. Како да му кажам на некое момче дека сум генетски маж, мислела таа.

Во 2007 година кога докторите во болницата Ројал Дерби на нејзините снимки пронашле минијатурна мала матка која на првичните наоди не се ни гледала, а докторите биле убедени дека со соодветна терапија ќе овозможат вештачко оплодување.1momwoumb

– Беше само неколку милиметри, но добар почеток, рекла Британката која со хормонска терапија успеала да ја зголеми матката со цел да се оплоди вештачко. Денес таа има две прекрасни ќерки на кои е горда мајка.

Докторката Гета Венкат од лондонската клиника го нарече овој случај неверојатен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1