Автомобил Мерцедес со американски регистерски таблички излетал од коловозот на автопатот Скопје-Велес.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила пред наплатната рампа кај Петровец, кога возачот од засега непознати причини изгубил контрола над автомобилот, излетал од коловозот и завршил на спротивната лента.
Според првичните неофицијални информации, во автомобилот се наоѓал само возачот кој не е повреден.
ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам