По скандалот со вакцините за морбили, денеска министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави фотографија дека ја вакцинирал внуката Илина.
– „Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук.