Кога далечната 1938 година година една Перуанка го замолила докторот во болницата од нејзината ќерка да “го истера ѓаволот“, никој не претпоставувал дека петгодишното девојче во стомакот носи бебе.
Лина Медина е најмладата мајка во историјата, а се породила со царски рез на само 5 години 7 месеци и 17 дена.
Нејзиниот син Герардо Медина, живеел 40 години, но починал во 1979 година од болест на коскената срж. Дури на 10 години дознал дека Лине му е мајка, а не постара сестра.
Девојчето добило прва менструација на само 8 месеци и нејзиното созревање се одвивало многу брзо. На четири години имала формирани гради, а на пет коски како тинејџерка.
Името на таткото и околностите под кои останала бремена никогаш не се откриени, а нејзиниот татко бил уапсен за сексуална злоупотреба, но подоцна поради недиостиг на докази е пуштен.
Медина подоцна на 17 години се омажила и родила уште еден син.