Милиони мистериозни сини суштества се појавија на западниот брег на САД.
На научниците им се познати како „velella velella“ а изгледаат како медузи и школки, или како балончиња од сапоуница расфрлани по плажите.
Иако за повеќето не се отровни, стручњаците предупредуваат дека луѓето треба да ги избегнуваат бидејќи може да предизвикаат изгореници.