Италијанската политичарка и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини се расплака за време на заедничката прес-конференција со јорданскиот министер за надворешни работи, Насер Џудех денеска во Аман, Јордан.
Могерини дознала за нападите во Брисел додека траеле изјавите за медиумите. Таа е во официјална посета на Јордан неколку дена.