Мојата сопруга ќе се породи за еден месец. Сепак, пред да се породи, таа мора да оди на неколку третмани за убавина како маникир, педикир, фризер, а јас тоа не можам да си го дозволам. Затоа ја продавам својата омилена играчка, „Сони плејстејшн“, за да и ги платам третманите.
Со овој оглас, Ненад од Србија привлекол големо внимание. Младата брачна двојка живее само од платата на Ненад, која не им стигнува, и ја трошат на опрема за бебето.