Со скенирање на мумија старa 2.100 години, научниците откриле запрепастувачки факт – тој Египjанин користел забарски услуги! Во шуплините на неговите заби, кои инаку биле во лоша состојба, пронајдени се парчиња лен кои најверојатно претходно биле натопени со смоквин сок и служеле да спречат иритирање на болното место.
Научниците со користење на ЦТ скенери уочиле на една египатска мумија нешто многу необично.
Овој 2.100 година стар Египќанин пател неиздржливи болки бидејќи неговите заби биле во ужасна состојба.
Не само што се мачел со кариес и забоболка, туку пател и од синусна инфекција.
Но експертите најмногу ги изненадило тоа што во неговите заби пронашле парчиња од ленен материјал.
Научниците заклучиле дека во тоа време постоел некoј вид на забар или дека овај Египjанин трпел толку големи болки па се обратил на некој од нивните лекари за помош.
Според тоа како се поставени парченцата, медицинарите од тоа време не биле далеку од забарите бидејќи биле поставени така што спречувале храна да влегува во болните места, а доколку биле натопени со сок од смоква и масло од кедар тогаш го спречиле и виспалението.
Овој стоматолошки третман е единствен пример на забарска интервенција во стариот Египет”, објавиле членовите на истраживачкиот тим од Универзитетот на Западно Онтарио во Интернационалното списание за палеопатологија.