Фото: На албанска свадба во Дебар се вееја македонски знамиња


Поради лошите фотографии деновиве, палење знамиња, лоши зборови упатени еден кон друг одлучивме да ја препостираме веста која Кирилица ја објави во Април, а која упатува една преубава порака – СИТЕ НИЕ ЖИВЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА ДА СИ ЈА САКАМЕ.

Според текстот н порталот овие фотографии од свадба во Дебар, во Април, праќаат силна порака до целата земја, дека соживот и почитување сепак постојат, и дека македонските Албанци си ја сакаат својата држава, пишува Кирилица.ком.мк. Шега или не сепак пораката која ја упатува овој текст е прекрасна па ви ја пренесуваме.

 

Младоженецот и невестата се етнички Албанци од Македонија, а и покрај традицијата и обичаите според кои на свадбите се вее црвеното знаме со црниот двоглав орел, на оваа свадба сватовите славеа со знамето на нивната држава Македонија.

“Јас и моето семејство се поклонуваме пред знамето на Република Македонија. Ние многу го сакаме и нашето албанско знаме, но решив на свадбата на мојата ќерка да покажеме кое знаме ни лежи на срце. И ние сме Македонија”, возбуден од семејната веселба изјавил таткото на невестата.

Очевидци велат дека од конвојот од автомобили кој тргнал од домот на невестата кон ресторанот каде што требало да продолжи веселбата, се слушале сирени и скандирање “Македонија, Македонија”.

Извор – Кирилица.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1