Марија дел Росарио Фуентес Рубио имала влијателен сајт на кој објавувала вести и фотографии на кои биле покажувани членовите на нарко картелот и нивните криминали!
Мексикански нарко картел ја следел и ја убил новинарката од социјалните медиуми, Марија дел Росарио Фуентес Рубио, која водела кампања на разоткривање на насилството на локалните банди. По убиството, фотографии од нејзиното мртво тели биле објавени на местото на нејзината профил – слика на Твитер!
Новинарката користела псевдоним при објавувањето на застрашувачките фотографии и информации за организираниот криминал во мексиканската држава Тамаулипас, каде изнудувањата, убиствата, киднапирањата не се ретки.
Многу малку од овие криминали излегуваат во локалните медиуми бидејќи нарко картелите со заплашување ја обезбедиле тишината од медиумите.
Токму поради тоа локалните жители се свртеле кон Фејсбук и Твитер за да ги дознаат вестите за корупцијата и криминалот. Марија била една од основачите на влијателниот сајт наречен Храброст за Тамаулипас (Valor por Tamaulipas).
Овој сајт имал бројни читатели, над 510 000 Фејсбук фанови и 100 000 следбеници на Твитер. На сајтот биле објавувани фотографии од членовите на картелите, пораки за исчезнати лица и вести за криминалите извршени од картелите. Нејзината цел била да ги охрабри луѓето да зборуваат за криминалите и да ги открие нивните чинители. Во обид да го зачува својот живот Марија го користела псевдонимот Фелина. Но, била откриена. На почетокот на октомври почнала да добива закани.
Веќе на 16 октомври била убиена со истрел во главата, по што нејзините убијци ја смениле фотографијата на нејзиниот Твитер профил со фотографија од нејзиното мртво тело, и напишале:
– Пријатели и семејство, моето вистинско име е Марија дел Росарио Фуентес Рубио, јас сум лекарка и денеска мојот живот заврши.
Во друг пост се предупредуваат останатите да престанат да зборуваат за картелите и да не ги доведуваат своите и животите на членовите на семејствата во опасност.
Мексико е исклучително опасно место за новинарите и оние кои пружаат отпор против нарко картелите. Во последните 2 години биле убиени 7 новинари.
-Репортери без граници се шокирани со убиството на Марија дел Росарио Фуентес Рубио,и ја повикуваат владата темелно да спроведе истрага и да ги идентификува оние кои се одговорни за нејзината смрт што е можно побргу, изјави Вирџини Данглс од организацијата.
Максим.мк