ФОТО: Нашите ракометари заглавија на аеродромот во Париз


Македонската ракометна репрезентација, која денеска утрово отпатува за Нант (Франција), каде утре и задутре треба да се одржи меѓународниот турнир пред почетокот на Светското првенство (СП) во Катар, моментно е на аеродромот во Париз, каде во 13 часот има лет за Нант.

Сите ракометари, како и дел од раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), се безбедни.

rakometari2_thumb_medium500_493

– Овде на аеродромот во Париз има големи мерки на безбедност, поради вчерашните и денешните немили настани и убиството на повеќе новинари. Буквално се` се претресува. Но, турнирот нема да се откаже, тој ќе се одржи. Моментно чекаме авион за Нант со кој треба да полетаме во 13 часот и сите сме добро – изјави за Нова Македонија десното репрезентативно крило Гоце Георгиевски.

Како што е познато „жол­то-цр­ве­ни­те“ пр­ви­от ду­ел ќе го игра­ат утре со Ал­жир, а во за­вис­ност од по­бед­ни­кот ќе ги од­ме­рат си­ли­те в са­бо­та со Фран­ци­ја или со Ар­ген­ти­на. По­тоа се па­ту­ва за Ка­тар, ка­де што ќе при­стиг­нат че­ти­ри де­на пред пр­ви­от ду­ел про­тив нез­год­ни­от Ту­нис. Од Нант, репрезентцијата директно заминува за Катар, каде треба да пристигне на 12 јануари, а првиот дуел против Тунис (група Б) ќе го одигра на 16 јануари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1