ФОТО Од мочуриште извадиле човечки мозок стар 2.600 години


Човечки мозок стар околу 2.600 години кој датира од Железното време, бил пронајден целосно зачуван во 2008 година во Велика Британија.

По долго истражување, откриено е зошто мозокот бил сочуван толку долго време. Бидејќи мозокот бил пронајден во мочуриште, научниците од Универзитетот во Јорк, откриле дека токму калта во мочуриштето била заслужна за зачувувањето на мозокот, бидејќи во неа не продирал воздух. Мозокот бил пронајден во череп, сосема неочекувано, додека археологот Рејчел Кавит го чистела черепот од нечистотија.TOP BRAIN

– Погледнав низ дупка во черепот и видов жол. Сунѓерест материјал. Никогаш слично не сум видела – изјавила Рејчел.
Толку стар мозок тешко може да опстане, бидејќи обично би го изеле микроорганизми кои се наоѓаат во земјата. Сепак со скенирање се утврдило дека тоа навистина е човечки мозок и научниците со години работеле на откривање на начинот на кој е зачуван. Утврдено де мозокот му припаѓал на мажна возраст од 26 и 45 години, кој бил убиен пред 2.600 години.

Тој првин бил удрен во вратото, а потоа обезгласвен со мал остар нож. Неговата глава веројатно била веднаш закопана во влажно, глинесто земјиште. За декомпозиција и гниење се потребни вода, воздух и подобна температура за бактериите. Но бидејќи некоја од овие компоненти недостасувала, мозокот бил сочуван.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1