ФОТО: Ова е хакерот кој ги украде порно фотографиите на големите ѕвезди


Разголените фотографии од големите ѕвезди кои деновиве се појавија прво на Reddit, ги објавил хакерот со прекар BluntMastermind и се обидел да ги продаде претставувајќи се како хакерот кој провалил во компјутерите на славните ѕвезди.

haker31Брајан Хамаде е софтверски инженер. Има 26 години и е Американец. Брајан е првиот осомничен за скандалот во кој беа објавени голи приватни фотографии од познатите, меѓу кои се најде и Џенифер Лоренс (24).

Тој станал сомнителен бидејќи се обидел да продаде 13 фотографии од Оскаровката во замена за валутата биткоин. Фотографиите прво ги објавил на “Reddit” под надимак “BluntMastermind” па се обидел да ги продаде претставувајќи се како хакерот кој провалил во компјутерите на славните.

За секоја фотографија барал 100 долари. Корисницте на 4Chan успеале да “пробијат” кој се крие зад надимакот и така Хамаде бил откриен.

Сепак Хамаде тврди дека тој не е хакерот кој е одговорен за кражбата на порно фотографиите на многу од познатите.

Самиот себе се нарекува идиот и вели дека фотографиите кои се обидел да ги продаде и да заработи со нив се лажни.

Сепак, корисниците кои се распрашувале за оригиналноста на фотографиите кои ги продава на различни начини се обидел да докаже и дека има оригинални “фотографии” и дека тој е хакерот кој успеал да ги хакира компјутерите на ѕвездите. Сега пак Хамаде тврди дека го прогонуваат без причина.

haker43

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1