Во критична состојба е младиот фудбалер кој падна од шести кат од зграда во Белград.
Медиумите пишуваат “падна“ затоа што не е познато дали скокнал сам како обид за самоубиство или некој го бутнал во обид за убиство.
23-годишниот Мирко е на интензивна нега во Ургентен центар, а лекарите се борат за неговиот живот.
Според информациите кои ги објавуваат дел од медиумите, момчето било осудено на три месеци затвор.