ФОТО: Ова е напаѓачот од брзиот воз „Талис“ во Франција


Вооружениот маж, што беше совладан во петокот, во брзиот воз „Талис“ во Франција, е идентификуван како 25-годишен Мароканец Ајуб Ел Казани, за кого се верува дека има врски со радикално исламистичко движење, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, пишува МИА.napadfrance

Ел Казани вчера е испитан од страна на француската полиција за борба против тероризмот. Анализата потврдила дека нема сомнежи дека тој е истиот човек, што бил регистриран од службите во февруари 2014 година.

Француските власти потврдија дека тој живеел во јужниот шпански град Алхесирас.

Напаѓачот од возот на релацијата Амстердам-Париз е пренесен вчера утро во полициска станица за борба против тероризмот надвор од Париз каде полицијата може да го држи во против до 96 часа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1