Фото: Ова е пилот почина среде лет на 57 годишна возраст


Пилот на американската компанија „Американ Ерлајнс“ починал за време на летот меѓу Феникс, во сојузната држава Аризона и Бостон, во Масачусетс, па командата со авионот ја презел копилотот кој безбедно го спуштил леталото.

Во време на инцидентот, во авионот „Ербас А320„ имало 147 патници и петмина членови на екипажот.

pilot-630x626

Капетанот  Мајкл Џонсон (57) управула со авионот, кога наеднаш се пожалил дека му е лошо, а веднаш потоа се струполил во своето седиште. Досека членовите на посадата се обидувале да му помогнат, копилотот известил за случајот и побарал итно спушатње на првиот најблисок аеродром.

Авионот се спуштил во Сиракуза, а службите за брза помош кои чекале на пистата, се обиделе да му помогнат на пилотот Џонсон, но тој веќе бил починат.

Во првиот медицински извештај се вели дека смрта настапила од природни причини, па немало потреба да интервенира полицијата.

Сопругата на починатиот пилот изјави за Си-Ен-Ен дека Џонсон во 2006 година имал двоен бајпас на срцето.Лекарите веруваат дека пилотот добил срцев удар додека траело летањето.

Компанијата „Американ Ерлајнз„ и патниците кои последни разбрале што се случува во пилотската кабина  ги истакнуваат храброто и ладнокрвно однесување на членовите на екипажот, кои не дозволиле да дојде до паника и да се загрози безбедноста на авионот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1