Постара жена си го запали станот во скопската населба Кисела Вода, на улицата Петар Дељан. Пожарот веднаш го забележал нејзин сосед, па заедно со друг сосед притрчале и и го спасиле животот од пламените јазици.
Тој за Вечер вели дека жената често пати знаела да пали хартии на тераса, па мислел дека и сега го прави истото, но кога се наведнал од својата тераса, видел дека гори фрижидерот кој и стоел на терасата, по што притрчал да и помогне.
Пожарот избувнал во 13 часот и 15 минути.
Фото:Вечер