ФОТО: Ова се досега идентификуваните жртви од терористичкиот напад во Манчестер


Идентификувани се дел од 22. жртви во терористичкиот напад во Манчестер по концертот на американската пејачка Аријана Гранде.

Меѓу нив има родители кои отишле да ги пречекаат своите деца по завршувањето на концертот, а најмалата жртва има само осум години.

Марцин и Агелика Клис

Полскиот брачен пар Марцин и Ангелика Клис, родители на студент на Универзитетот во Јорк се идентификувани по нападот. Тие пристигнале пред завршувањето на концертот за да ги земат своите деца.

Полскиот министер за надворешни работи потврди дека неговите сограѓани се меѓу жртвите.

Кели Брустер

Брустер е идентификувана како една од жртвите, а познато е дека за време на експлозијата со своето тело ја заштитила својата внука. Таа зад себе остави мала ќерка.

-Кели навистина беше најсреќна досега во својот живот, а планиравме и многу работи заедно. Мојата ќерка Фиби ќе биде запрепастена, како што сме и ние напиша на Фејсбук нејзиниот партнер Иан Винслоу.

Оливија Кембел

Оливија Кембел, 15 годишно девојче беше убиена за време на нападот, изјави нејзината мајка.

-Почивај во мир мое мило и скапоцено девојче. Оливија Кембел беше земена многу далеку за да пее со ангелите и да продолжи да се смее. Мама премногу те сака, напиша нејзината мајка на Фејсбук.

Џон Аткинсон

26-годишниот Џон Аткинсон е танчер кој во времето на нападот ја напуштал Арената.

Од групата во која тој танцувал велат дека Аткинсон бил среќна и културна личност.

Алисон Хов и Лиса Лис

Двете мајки ги чекале своите ќерки тинејџерки за време на експлозијата.

Двете се водеа за исчезнати по нападот.

Софи Роуз Русос

Софи е најмалата жртва во страшниот терористички напад.

Нејзиниот наставник Крис Аптон изјави дека Софи била прекрасно мало девојче во секој аспект, додавајќи дека сите ја сакале.

Девојчето за прв пат отишло на концерт со мајка и и сестра и, кои се повредени во нападот и префрлени во болница, а на Софи оттогаш и се губи секоја трага.

После 24 часовната потрага на полицијата и стотина луѓе, 8- годишното девојче е пронајдено, но за жал меѓу жртвите на нападот.

Ѓоргина Каландер

Првата жртва која беше идентификувана беше 19-годишната Каландер која и била суперфан на Аријана Гранде.

Таа дури имала и можност да се запознае со Гранде во 2015 година.

Мартин Хет

Хет е последната идентификувана жртва.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1