Скопје: Ја грабнал и претепал поранешната девојка


Дваесет и пет годишната Ш.Т. вчера попладне околу 18,45 часот на локалниот пат кон населбата Драчево во близина на мостот на “Маркова река“ била пресретната од М.Р. од с.Студеничани. Истиот бил со друго лице и со употреба на сила ја внел оштетената во неговото возило, по што се упатиле во непознат правец.

-По некое време М.Р. го паркирал возилото и околу 40-тина минути физички ја малтретирал, а потоа ја оставил и си заминал, додека истата со такси возило, кое случајно наишло си заминала. Во 00:40 часот оштетената се упатила на лекарски преглед во ГОБ “8-ми Септември“, а потоа и во КЦ“Мајка Тереза“, каде по извршените прегледи констатирани и биле телесни повреди и била пуштена на домашно лекување, информираат од полицијата.

Причина за нападот најверојатно била претходна љубовна врска помеѓу неа и М.Р. СВР-Скопје превзема мерки за целосно целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1