Полицијата во Австаралија објави фотографии од тепачката која се случила на улиците меѓу Херб Греам и плоштадот Мирабука во центарот на Перт, Австралија каде група Македонци си ги одмерила силите со засега неидентификувана група насилници од Африка.
Според австралиската полиција, во тепачката учествувале триесетина австралиски државјани со потекло од Македонија, на различна возраст и десетина Африканци.
Полицијата морала да употреби и „бибер-спреј“ за да ги раздвои двете групи. Дел од насилниците биле „храбри“ па се истепале и пред полициска станица и пред седиштето на градскиот суд. Тепачката била закажана на социјалните мрежи.