Амир Мечевски (19) и Хамлет Хетемовски (21) се двајца од тројцата македонски државјани кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Италија.
Како што јави италијанскиот весник „Il Gazzetino“ на своето интернет издание, несреќата се случила вчера околу 21 часот на патниот правец Басано- Муселите, кај месноста Романао Де Зелито.
Според весникот, во директен судир на два автомобила со италијански регистарски таблички загинаа македонските државјани Амир Мечевски од Жупа, Хамлет Етовмовски од Отишани и уште едно младо момче исто така од Македонија, а има и неколку повредени.
Kurir