Ова се приказни на светските ѕвезди кои ја „измамиле“ смртта уште кога биле многу млади.
Ози Оборн
Легендарниот музичар Ози Озборн доживеал страшна несреќа на својот имот во Англија. Додека се возел на четвороточак паднал при што се добил со многу лоши повреди и бил во кома цели 8 дена. Возилото паднало над него и му ги скршило двете раце и рамена. Било толку болно, како што објаснувал тој што имал чувтсво дека умрел два пати.
Џорџ Лукас
Авторот на „Војна на ѕвездите“ во младоста сакал да биде возач и да се трка, но една несреќа му го променила животот. Во него удрил автомобил кој возел со брзина од 150 километри на час. Лукас имал голема среќа па преживеал.
Мартин Лоренс
Ѕвездата на „Лоши момци“ за време на подготовките за една улога сакал да ослабе. Облекол повеќе парчиња облека и заминал на трчање. Кога се вратил од тренингот доживеал силен срцев удар од кој три дена бил во кома. За среќа, неговата соседка видела како лежи на подот на својата куќа и веднаш викнала брза помош. По три дена актерот се разбудил од кома.
Фифти Сент
Куртис Џексон познат како Фифти Сент својата животна сторија ја пренел на филмското платно. На него било пукано со огнено оружје од кој еден од 9-те куршуми завршил во неговиот врат. Сето тоа се случило пред домот на неговата покојна баба. За Божјо чудо раперот ја преживеал несреќата.
Шерон Стоун
Холивудскиот секс симбол, Шерон Стоун имала мозочна анеуризма кога била многу мала поради која доживеала внатрешно крварење на мозокот. По 6 часовна високо тизична операција, хирурзите успеале да го спасат нејзиниот живот. Шерон по операцијата изјавила дека додека била во несвесна состојба се сретнала со многу мртви луѓе и разговара со нив.
Стеф Мекфарлан
Ѕвездата на филмот „Тед“, „Семеен човек“ и „Американски татко“ еден ден закаснил на авион. Истиот оној лет кој на 11 септември удрил во Кулите близначки. Причината поради која што закаснил била лудо пијанство од претходната вечер.