ФОТO: Ова се убиените маж и жена – бесен клиент можен убиец – Платиле за станови, но не ги добиле


Нарачано убиство е првичната верзија за двојното убиство кое вчера вечер ја потресе Бугарија. Митко и Наталија Дамјанови беа убиени синоќа пред зградата во која живееле 20 години.

Бугарскиот бизнисмен Митко Дамјанов и неговата 42-годишна сопруга беа убиени синоќа во софиската населба Витоша. А можна причина за двојното убиство како што пренесуваат буграските медиуми е измама од страна на градежната компанија на Дамјанов.detevo

Телата на убиените ги открил случаен минувач и пријавил во полиција синоќа околу 20:30 часот.

Според неофицијални информации во двајцата сопружници е пукано од пиштол и на место на инцидентот се пронајдени осум куршуми. Според првичните информации на полицијата станува збор за убиство по нарачка, пренесува бугарското Дарик радио.

Името на Митко Дамјанов е сврзано и со десетици незадоволни граѓани, кои тврдат дека бизнисменот земал пари од нив ветувајќи им изградба на канцеларии, но не го исполнил дадениот збор. Против Дамјанов била покренатна прекршочна постапка, но од полицијата прoцениле дека нема доволно докази за умислена измама

Освен со градежен бизнис, убиениот бизнисмен се занимавал и со трговија на прехранбени производи и извезувал продукти во Грција.

Имено во 2011 година околу 60 лица се пожалиле до јавниот обвинител дека две градежни фирми ги измамиле, при што тие уплатиле околу 5 милиони лева за изградба на задруги, но не ги добиле становите кои планирале да ги косристат како канцеларии, односно изградбата не ни започнала. Митко Дамјанов бил еден од сопствениците на една од градежните фирми.

Против Дамјанов била покренатна прекршочна постапка, но од полицијата прецениле дека нема доволно докази за умислена измама. Тоа е една од верзиите за двојното убиство која ќе се истражува. Односно ќе бидат распитани луѓето кои биле „измамени“ од фирмата на Дамјанов, како и неговите претходни бизнис соработници и колеги.

Според информации од бугарското министерство за внатрешни работи ова не е првпат семејството Дамјанови да бидат на мета, минатата година била запален и нивниот автомобил, а сторителот никогаш не бил пронајден.

Убиениот 48-годишен бизнисмен и неговата 42-годишна сопруга имаат 18-годишна ќерка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1