Повикувајќи се на полициски извори, весникот Либерасион објави дека тројца осомничени за масакрот во редакцијата на неделникот Шарли Ебдо се идентификувани но се уште не се уапсени.
Станува збор за Саид К. Роден 1980 година во Париз, Шериф К. Роден 1982 година во Париз и Хамид М. Роден во 1996 година.
Според телевизијата ЛЦИ најстариот брат бил веќе осуден за тероризам. Тој бил осуден во 2008 година во рамките на една ирачка мрежа од Париз. Тој изјавил дека “порано бев деликвент но откако влегов во религијата добив сила, не ми пречеше ни тоа што можам да умрам”. Тој бил уапсен во 2005 година кога се спрема да замине за Дамас.
Помеѓу 2003 и 2005 година оваа мрежа мотивирала десетици млади Французи да заминат да се борат во Ирак.
Во масакрот во Шарли Ебдо во средата наутро беа убиени 12 лица и повеќемина беа ранети. Помеѓу ранетите има четворица чија состојба е исклучително тешка.
Според информациите и сведоштвата со кои се располага, напаѓачите биле со скриено лице, тие ги знаеле по име нивните жртви и целиот масакр траел пет минути. Тие при излегувањето од неделникот извикале: „Го осветивме пророкот“ и „Алах е голем“; за што и сведочат и снимките на агенцијата во Прва линија.
Напаѓачи при бегството убија и двајца полицајци, при што претходно еден од ранетите полицајци кој лежеше беспомошно на тротоарот беше безмилосно убиен.
„Варварски чин, терористички, кукавички акт“, беа првите зборови на претседателот Франсоа Оланд во обраќањето до новинарите на местото на настанот. Притоа нагласувајќи дека напаѓачите
„Ќе бидат ловени се додека е потребно за да бидат уапсени и изнесени пред судиите и осудени“ – нагласи шефот на француската држава.
Очигледно силно погоден од терористичкиот напад врз неделникот, Франсоа Оланд кажа дека повеќе терористички напади кои биле во план биле откриени изминативе недели во Франција.
По ургентиот состанок во Елисејската палата со соодветните надлежни министри Министерот за внатрешни работи, Бернар Казенев изјави:
„Сѐ ќе биде направено за да се неутралзираат колку што е побрзо тројцата криминалци кои го починија овај вараврски акт.“
Тој не даде повеќе детали за истрагата, но потврди дека антитеростичкиот план е подигнат на највисокото ниво и дека се во тек акции за пронаоѓање на сторителите на терористичкиот напад.
Весникот Шарли Хебдо се наоѓаше веќе подолго време под полициска заштита посебно по објавувањето на карикатурите на Мухамед.