Четири од 12 жртви на нападот на редакцијата на сатиричниот весник „Чарли Ебдо“ се карикатуристите на тој весник, соопштило француското обвинителство.
Карикатуристите Шара, Кабу, Волинск и Тинју, ги идентификувале преживеаните на местото на несреќата непосредно после нападот, е прецизирано.
Обвинителството наведува дека уште седум лица се повредени во нападот, и дека четворица од нив се во тешка состојба. Двајца напаѓачи со капи и во црна облека, тешко вооружани, упаднале околу пладне во седиштето на тој весник, и го извеле нападот, незапаметен во последните 40 години во Франција.
Напаѓачите извикувале „Алах Акбар“ и „Ќе го одмаздиме пророкот“ пукајќи по канцелариите на Чарли Ебдо, а од тоа емсто избегале со црно возило. Во Париз е подигнатп ниво на вознемиреност, а низ улиците на градот се бројни полициски блокади и контроли.