Победникот на Х-фактор, Македонецот Даниел Кајмакоски, долго време се жалеше дека не може да си ја најде вистинската девојка за себе, но на забавата на српското списание „Пулс“, тој беше маѓепсан од водителката Ена Попов.
За време на интервју, Ена поминала покрај Даниел, а тој се завртел по неа за 180 степени и се насмеал од уво до уво. Кога новинарите го прашале со што го маѓепсала Ена, тој одговорил дека таа има прекрасно лице.
-Ја видовте ли каква е, какво убаво лице има. Прекрасна е, рекол Даниел.
Сепак, нашиот Даниел рекол дека секојдневно го моли Бога да не се заљуби, затоа што нема слободно време за ништо.
-Секојдневно имам многу обврски. Кога сакам некоја личност, сакам целосно да и се посветам. Ако се заљубам сега, ќе ја изгубам главата, изјавил тој.
Ена сигурно била поласкана од овој коментар, кој и го дал еден од најпосакуваните млади пејачи на денешнината.