За голем број двојки нежните бакнежи се начин за искажување на љубов, но не и за Британката Кери Армитаж и нејзиниот сопруг Питер. Кери има ретко нарушување наречено аквагена уртикарија или едноставно таа има алергија на вода. Болеста и била дијагностицирана пред две години кога кожата, откако ја наврнал дожд, останала прекриена со болни пликови.
28-годишната жена толку мора да се воздржува и од бакнежите на својот сопруг бидејќи плувачката на неговите усни би можела да предизвика силна реакција.
– Не се случува тоа секој пат, некои работи може да ги повтроувам отпочеток и ништо нема да се случува, но понекогаш тоа едноставно се случува и доживува силна алергиска реакција- вели Кери.
Таа нема проблеми со консумирање на водата, само не смее да допушти водата да и ја допре кожата. Па поради тоа морала да се одвикне од плачење, но и од активности поради кои би можела да се испоти.